Соопштение за одржување на 41ва седница на Совет на општина Новаци
41ва седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 28.12.2023 година со почеток во 09:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записникот од 40-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување и одобрување на Буџетски календар за 2024 год.;
- Разгледување на Предлог -Буџет на Општина Новаци за 2024 год., усвојување на Буџет на Општина Новаци за 2024 год. и донесување на Одлука;
- Разгледување и усвојување на Образложение на Буџетот на Општина Новаци за 2024 год.;
- Разгледување и донесување на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2024 год.;
- Разгледување и донесување на Одлука за одредување на вредноста на бодот за државните службеници за 2024 год.;
- Разгледување и донесување на Одлука за одредување на вредноста на бодот за техничкиот персонал за 2024 год.;
- Разгледување и донесување на Одлука за определување на висината на благајничкиот девизен максумум (10.000 евра);
- Разгледување и донесување на Програма за одржување на локалните водоводи во Општина Новаци за 2024 год.;
- Разгледување и донесување на Програма за одржување на јавна чистота (јавни површини, паркови, зеленило и рекреативни површини на територијата на Општина Новаци за 2024 год.;
- Разгледување и донесување на Одлука за донесување на Урбанистички план вон населено место за изградба на објекти со намена Г2-лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, КО Новаци-вон град, Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Развоен план за комунални дејности на територијата на Општина Новаци за период од 2024 год. до 2026 год.;
- Разгледување и донесување на Стратегија за млади за 2024-2029 година;
- Разгледување и донесување на Одлука за спроведување на мерки за превентивна дезинсекција и системска дератизација за 2024 година;
- Разгледување и усвојување на Програма за работа на МЈП „Пелалинк“- Битола
за 2024 год.; - Разгледување и усвојување на Финансиски план за работа на ЈОУДГ „Бамби“- Новаци за период од 01.01.2024 год. до 31.12.2024 год.;
- Разгледување на Барање од Црквата „ Роженство на Пресвета Богородица“ –с.Бач ,за набавка и поставување на клима уред во капелата.
- Советнички прашања.