Општина Новаци обезбеди бесплатен оброк за сите 200 ученици во централното и поддрачните училишта
За прв пат обезбедивме бесплатен оброк за сите 200 ученици во централното и поддрачните училишта на ,,Славко Лумбарковски” Општина Новаци. Децата секојдневно на големиот одмор ќе го добиваат оброкот кој ќе биде избалансиран енергетски соодветно спакован со истакната декларација и нутритивна вредност. За една календарска година Општина Новаци обезбеди околу 37 000 оброци.
0 Comments