Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 59та седница на Совет на општина Новаци

59та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 17.12.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 57-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и усвојување на Записник од 58-та седница на Совет на Општина Новаци;
  3. Разгледување и усвојување на Нацрт – Буџет на Општина Новаци за 2025 година;
  4. Разгледување и донесување на Предлог – Програма за социјална заштита на граѓаните на Општина Новаци за 2025 година;
  5. Разгледување и донесување на Измена на Програмата зa санација, одржување на полски патишта и чистење на земјаните канавки покрај локални и полски патишта во Општина Новаци за 2024 година;
  6. Разгледување и донесување на Предлог – Одлука за формирање на заедничка Комисија за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад меѓу општините: Новаци, Прилеп, Битола, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод;
  7. Разгледување и донесување на Предлог – Решение за именување членови во заедничка Комисија за подготовка на предлог актите за воспоставување на меѓуопштинска соработка;
  8. Разгледување на Барање за разрешување и именување на членови на Управен одбор од ЈПКД „Комунална хигиена“ Новаци;
  9. Разгледување и донесување на Предлог-Програма за одржување на јавна чистота (јавни површини, паркови, зеленило и рекреативни површини) на територијата на Општина Новаци за 2025 година;
  10. Разгледување и донесување на Програма за работа на Советот на Општина Новаци за 2025 година;
  11. Разгледување и донесување на Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Новаци и Општина Битола;
  12. Разгледување и донесување на Предлог-Програма за активностите на Општина Новаци во областа на Локалниот економски развој во 2025 година;
  13. Разгледување и донесување на Предлог-Програма за култура, културни активности, културни и други манифестации на Општина Новаци за 2025 год.;
  14. Разгледување и донесување на Предлог-Програма за спроведување на активности на спортските друштва и одржување на спортската инфраструктура во Општина Новаци за 2025 год.;
  15. Разгледување и донесување на Предлог-Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Новаци за 2025 год.;
  16. Разгледување и донесување на Предлог-Програма за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2025 година;
  17. Разгледување и донесување на Предлог-План за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2025 година;
  18. Разгледување и донесување на Акционен план и Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за подрачјето на територијата на Општина Новаци за 2025 год.;
  19. Разгледување и донесување на Предлог-План за одржување на локални водоводи на територија на Општина Новаци за 2025 година;
  20. Советнички прашања.

Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Back to top
Skip to content