Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Почитувани сограѓани,

Драги пријатели,

Новата година е време на нови почетоци, време кога треба да ги оставиме зад себе сите недоразбирања и да продолжиме напред со нова надеж и вера во подобро утре. Овој период ни нуди шанса да се прифатиме онакви какви што сме и да започнеме ново патување, исполнето со нови можности и позитивни промени.

Со срце исполнето со топлина и искрени желби, ве поздравувам во ова празнично време кога ја испраќаме старата и ја пречекуваме новата година. Таа е повеќе од обичен датум – таа е симбол на нови почетоци, нови можности и надеж за подобро утре.

Во изминатата година се соочивме со бројни предизвици кои успешно ги надминавме и благодарение на вашето активно учество и нашите заеднички напори, остваривме многу од поставените цели и успешно реализиравме бројни проекти за доброто на жителите на Општина Новаци.Заедно создадовме незаборавни моменти и значајни успеси. Од срце ви благодарам за вашата доверба, поддршка и соработката во текот на оваа година.

Ветувам дека и во годината што следи ќе продолжиме со уште понапорна и посветена работа за подобрување на квалитетот на живот на сите жители на Општина Новаци. Ќе вложиме максимални напори да реализираме проекти кои ќе придонесат за напредок и благосостојба, водејќи се од вашите потреби и интереси. Заедно, ќе ја изградиме иднината што ја заслужуваме!

Нека Новата година ни биде нова шанса да си го направиме животот онаков каков што го замислуваме. Со љубов, истрајност и верба во себе, сите сме творци на сопствената приказна. Нека 2025 година биде исполнета со радост, здравје, успех и благосостојба за вас и вашите најблиски. Од срце ви посакувам среќна Нова година исполнета со мир, напредок и многу радосни мигови.  

Божик е еден од најсветите празници што нè потсетува на вредностите на љубовта, мирот и заедништвото. Овој празник ја слави радоста на Христовото раѓање и ја носи божествената светлина во нашите срца и домови. Божик е време кога семејството се собира заедно, време на топлина и споделување, кога љубовта и вниманието се најубавите подароци што можеме да ги дадеме. Славењето на Божик нè инспирира да бидеме подобри луѓе, да помагаме на другите и да го шириме духот на добрина и хуманостa.

Секој нов ден е подарок – можност да се создаде нешто прекрасно. Ви посакувам храброст за секој предизвик, мудрост да ги препознаете вистинските патеки и љубов која ќе ве води низ секој момент.

Нека светлината на празниците го осветли вашиот живот и донесе топлина во вашите срца.

Среќна Нова 2025 година и благословен Божик! Весели празници за сите!

Со почит,
Стевче Стевановски

Градоначалник на општина Новaци

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content