Соопштение за одржување на 60та седница на Совет на општина Новаци
60та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 30.12.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записник од 59-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување и одобрување на Буџетски календар за 2025 год.;
- Разгледување на Предлог -Буџет на Општина Новаци за 2025 год., усвојување на Буџет на Општина Новаци за 2025 год. и донесување на Одлука;
- Разгледување и донесување на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2025 год.;
- Разгледување и донесување на Одлука за одредување на вредноста на бодот за државните службеници за 2025 год.;
- Разгледување и донесување на Одлука за одредување на вредноста на бодот за техничкиот персонал за 2025 год.;
- Разгледување и донесување на Предлог-Одлука за сопствено учество (кофинансирање) на Општина Новаци во проектот „Поставување на систем со панели за производство на електрична енергија над покривот на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци и поставување на топлотна пумпа за загревање на училиштето“
- Разгледување и усвојување на Програма за работа на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за 2025 год.;
- Разгледување на Барање за финансиска поддршка за подмирување на долг за електрична енергија од ЈПКД „Комунална Хигиена Новаци“;
- Разгледување и донесување на Одлука за давање на трајно користење на патничко возило во сопственост на Општина Новаци, на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола;
- Разгледување и донесување на Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2025 година;
- Разгледување и донесување на Програма за управување со животна средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во Општина Новаци за 2025 година;
- Разгледување и донесување на Програма за животна средина на Општина Новаци за 2025 год.
- Разгледување и донесување на Измена на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2024 год.;
- Разгледување и усвојување на Извештај-Преглед за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2024 год.;
- Разгледување и донесување на Програма за јавни дејности ( образование за 2025 год.);
- Разгледување и донесување на Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина Новаци за 2025 г.;
- Разгледување и донесување на Програма за еднакви можности;
- Советнички прашања.