Бадникова поворка во Општина Новаци
Анѓелска војска, дечињата од Општина Новаци пеејќи ја прекрасната песна „Вечниот Бог“ го најавија Христовото раѓање.
Општина Новаци, втора година по ред се вклучува во бадниковата поворка, која масовно беше прифатена од дечињата, кои со нивните гласови ја пренесоа светлината и радоста на Бадник и Божиќ создавајќи една незаборавна атмосфера во општината.
Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, во знак на благодарност и поддршка за учеството на дечињата, им додели бадникови поклончиња. Овие подароци беа мал знак на почит и љубов за нивната активност и учество во празничните настани.
Бадниковата поворка во Новаци беше не само момент на радост, туку и потсетник на вредностите на заедништвото, љубовта и топлината што Божиќ ја носи во секое срце.
0 Comments