Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 62ра седница на Совет на општина Новаци

62ра седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 25.02.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 61-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и усвојување на Годишен извештај за следењето на реализацијата на договорот за ЈПП за 2024 година;
  3. Разгледување и усвојување на Листа на имиња за улици во населено место село Новаци, Општина Новаци;
  4. Разгледување и усвојување на Извештајот за извршен попис со состојба на 31.12. 2024г.;
  5. Разгледување и усвојување на измена и дополнување на Извештајот на Комисијата за попис на побарувањата, обврските и паричните средства во благајната на Општина Новаци за 2024 год.;
  6. Разгледување на Иницијатива поднесена од Градоначалникот Стевановски, за финансиска награда на пожарникари од Општина Новаци ангажирани со МОС во ТППЕ – Битола;
  7. Разгледување и донесување на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2025 год.;
  8. Разгледување и донесување на Одлука за надоместок на патни трошоци на родители, жители на Општина Новаци,чии деца ги користат услугите на ОУРС„Кочо Рацин“ Битола;
  9. Разгледување и донесување на Одлука за утврдување на цена за вода за пиење или водоснабдување за регулиран период 2025-2027 година;
  10. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола за период од 01.10.2024 до 31.12.2024 година;
  11. Разгледување и усвојување на Правилникот за возни линии, возен ред и вредност на билет за линиски превоз на патници;
  12. Разгледување и усвојување на Годишни сметки за 2024 год. од ООУ „Славко Лумбарковски “- Новаци;
  13. Разгледување на Барање од Црковниот одбор и жителите на МЗ од с. Градешница за набавка на градежен матерјал на манастирот „Св. Илија“ и црквите: „Св. Атанасије“, „Св. Никола“, „Св. Ѓорѓија“ и „Св. Спас“ во с.Градешница;
  14. Разгледување на Барање од Месна заедница на с.Новаци за набавка на градежен матерјал за изработка на летниковец
  15. Советнички прашања.
Back to top
Skip to content