Соопштение за одржување на 64та седница на Совет на општина Новаци
64та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.03.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
1. Разгледување и донесување на Завршна сметка на Буџетот на Општина Новаци за 2024 година;
2. Разгледување и усвојување на Годишен извештај на Општина Новаци за 2024 година;
3. Разгледување и донесување на Одлука за именување на член на Училишен одбор на ООУ ,,Славко Лумбарковски,, Новаци;
4. Разгледување и усвојување на Завршна сметка на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за 2024 година;
5. Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работењето на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци, за 2024 година;
6. Разгледување и усвојување на Годишен извештај на извршените работи за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Новаци за 2024 година;
7. Разгледување и усвојување на Годишен извештај на извршените работи за одржување на локалните водоводи на територијата на Општина Новаци за 2024 година;
8. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување на празникот на Општина Новаци „30-ти Март“;
9. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување на годишнина од смртта на војводата Ѓорѓи Сугарев;
10. Разгледување на Барање од група жители на Општина Новаци;
11. Разгледување на Барање од ЗФК Пелагонија, Добромири;
12. Разгледување на Барање од Марина Наумовска од Новаци;
13. Советнички прашања.