Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 65та седница на Совет на општина Новаци

65та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 25.03.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување  на Записник од 62-та седница на Советот на Општина Новаци;
  2. Разгледување и усвојување  на Записник од 63-та седница на Советот на Општина Новаци;
  3. Разгледување и донесување на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2025 год.;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност за сместување на Младински центар Новаци, во простории кои се сопственост на Општина Новаци;
  5. Разгледување и усвојување  на Завршна сметка на МЈП „Пелалинк“ Битола за 2024 година;
  6. Разгледување и усвојување на Дополнување на Годишна програма за превоз на ученици за подобрување на одржливост и квалитет на превоз на општинските линии на територијата на Општина Новаци за 2025 год.;
  7. Разгледување на Барање за отстапување на патничко возило PEUGEOT EXPERT во сопственост на Општина Новаци за потребите на МЈП „Пелалинк“ Битола;
  8. Разгледување и донесување на Правилник за утврување на начинот, постапката и креитериумите за распределба на финансиски средства од Општина Новаци на програми, проекти, активности, натпревари и манифестации од областа на спортот, културата и поддршка на граѓанскиот сектор;
  9. Разгледување за донирање на финансиски средства на сметка на фонд за солидарност на  на Црвен крст на РСМ, за поддршка за настраданите во пожарот во Кочани;
  10. Разгледување на Барање за донација  за набавка на мебел и опрема од  ЈЗУ Здравствен дом Битола; 
  11. Разгледување на Барање од ЗФК „Пелагонија“ Добромири за финансиски средства за натпреварувачката сезона есен 2025/ пролет 2026;
  12. Советнички прашања.
Back to top
Skip to content