Соопштение за одржување на 67ма седница на Совет на општина Новаци
67ма седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 29.04.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записник од 64-та седница на Советот на Општина Новаци;
- Разгледување и усвојување на Записник од 66-та седница на Советот на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Новаци за 2025 год.;
- Разгледување и усвојување на Квартален Извештај за извршување на буџетот на Општина Новаци за извештајниот период (комулативно) за квартал од 01.01. до 31.03.2025 год.;
- Разгледување и усвојување на измена и дополнување на Правилникот за субвенционирање на домаќинствата во Општина Новаци за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди;
- Разгледување и усвојување на измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Новаци во областа на Локалниот економски развој во 2025 година;
- Разгледување и донесување на измена и дополнување на Решението за членови во составот на Персоналениот штаб за заштита и спасување во ЕЛС Новаци;
- Разгледување и усвојување на измена и дополнување на членови во Општинскиот Совет за социјална заштита на Општина Новаци;
- Разгледување и усвојување на Одлука за усвојување на Барање на Општина Могила, Општина Новаци и Општина Битола за вршење на слободен превоз на патници со пониска цена;
- Разгледување на Барање за финансиски средства од Здружение на пензионери „Сложни пензионери“ од с. Новаци;
- Разгледување на Барање од Младинска Граѓанска Акција за финансиска помош наменети за акција за чистење и уредување на јавен простор;
- Разгледување на Барање од одделот за Неврологија, Клиничка Болница – Битола за набавка на апарати (ЕКГ, монитор и аспиратор);
- Разгледување на Барање од одделот за Урологија, Клиничка Болница – Битола за набавка на инструменти за работа во операциона сала;
- Разгледување на Барање од Организациониот одбор на „ПЕЦАК-ПМ 2001“ за финансиски средства за организирање на традиционалниот меморијален фудбалски турнир.
- Советнички прашања.