Општина Новаци ја организираше велосипедската тура Timeless Trail Tour
Општина Новаци, втора година по ред, ја организираше велосипедската тура Timeless Trail Tour (Безвременска велосипедска тура). Со организирање на настани од овој тип, општината има за цел да го промовира велосипедизмот и да ги поттикне младите лица, но и сите останати на здрав и активен начин на живот кој придонесува пред се за благосостојба на нивното ментално и физичко здравје, но и за зачувување на животната средина. Во време кога начинот на живот е се побрз и постресен, сакаме да потикнеме користење на алтернативни и еколошки превозни средства, а со вакви настани и воспоставување на нови пријателства и социјализација. И крајно, да ја прикажеме општина Новаци во нејзино најдобро светло, со сите нејзини природни убавини, култура и традиција.
Оваа велосипедска тура, со оглед на заинтересираноста, полека но сигурно ќе прерасне во традиционална, а општината ќе се потруди секоја година да ја надоградува и да нуди нови, интересни содржини за учесниците.
0 Comments