Соопштение за одржување на 70та седница на Совет на општина Новаци
70та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 26.06.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записник од 69-та седница на Советот на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2025 год.;
- Разгледување и донесување на Одлука за прифаќање на донација од „СТОЛБ“ ДООЕЛ, Битола;
- Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на комбинирани паралелки од I до V одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2025/26 год.;
- Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на чисти паралелки од I до IX одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2025/26 год.;
- Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за 2026 година на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци;
- Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Комунална хигиена“, Новаци за период од 01.01.2025 до 31.03.2025 год.;
- Разгледување на Барање за финасиски средства од Одделение за одбрана за регион Битола за организирање на меморијалниот турнир „Влатко, Благојче и Пеце 2001“;
- Разгледување на Барање за набавка на градежни матерјали од Црковен одбор на параклис – манастир „Св. Илија“, Новаци;
- Разгледување на Барање за набавка на градежни и електро матерјали од Управен одбор на манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“, Новаци ;
- Разгледување на Барање за набавка на градежни матерјали од Црковен одбор на манастирот „Св. Атанасиј Велики“, с. Старавина;
- Разгледување на Барање за набавка на градежни матерјали од Црковен одбор и месна заедница на с. Гермијан за изградба на помошна просторија во манастирот „Св. Климент Охридски“ с. Гермијан;
- Разгледување на Барање за финансиска поддршка од Огранок на пензионери, Општина Новаци, за остварување на програмските активности за 2025 год.;
- Разгледување на Барање за финансиска поддршка од Здружение на воени инвалиди и ветерани „Братство 2001“- Битола;
- Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци;
- Разгледување на Финансиска програма за 2025 год.(есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци (младинска школа).