Соопштение за одржување на 71ва седница на Совет на општина Новаци
71ва седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 09.07.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записник од 70-та седница на Советот на Општина Новаци;
- Разгледување на процена за потребата од воспоставување на Меѓуопштинска соработка со Општина Ресен;
- Разгледување на Предлог за воспостваување на Меѓуопштинска соработка со Општина Ресен и донесување на Одлука;
- Разгледување на Понуда за соработка и Барање за финансиски средства од НУ Центар за култура, Битола за реализација на „Илинденски караван“ во состав на фестивалот „Илинденски денови“ Битола;
- Разгледување на Барање за финансиски средства од ЗФК „Далбеговци“ за натпреварување во натпреварувачката сезона 2025/ 2026 год.;
- Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства во период од 01.01.2025 до 31.05.2025 год. од „ЗФК Новаци 2005“;
- Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци;
- Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци (младинска школа).