Потпишан договор за грант за Изградба на водовод, атмосферска и фекална канализација на новопланирани улици во Индустриската зона Новаци
🚧💧Градиме иднина – започнува реализацијата на важен инфраструктурен проект во Индустриската зона Новаци!
Денес правиме нов, голем и значаен чекор напред! Со гордост објавуваме дека Општина Новаци доби средства за реализација на проектот: “Изградба на водовод, атмосферска и фекална канализација на новопланирани улици во Индустриската зона Новаци.”
✅ Со оваа инвестиција, директно вложуваме во инфраструктурен развој, во подобрување на условите за бизнис, и во поттикнување на економската активност во регионот.
📈 Од план до реализација, од хартија до градилишта – нема чекање, нема изговори.
Овој проект е дел од вториот повик од Инструментот за капитални инвестиции, со кој денес се склучуваат договори за вкупно 828 проекти во државата, со вкупна вредност од 13,868,000,000 денари (~225 милиони евра).
Голема благодарност на Владата на Република Македонија, и премиерот Hristijan Mickoski за поддршката.
💬 Пари што порано исчезнуваа без трага, денес се гледаат во објекти, улици, училишта, водоводи. Ова е домаќинско, отчетно и одговорно управување со средствата на граѓаните.
Со секој потпишан договор, со секој започнат проект – ја менуваме иднината на нашата општина и на Македонија.
Во име на народот. За народот.
👉 Доаѓа времето на Новаци. Доаѓа времето на Македонија.
#НовациГради
#ИндустрискаЗонаНоваци
#Инфраструктура
#РазвојЗаСите
#ВремеЕЗаРабота
0 Comments