Завршено е поставувањето на ново улично осветлување на крак 1 и крак 2 од улиците што ќе ја поврзат новата Индустриска зона во Новаци!
Ова е дел од еден од најголемите проекти во историјата на нашата општина – изградба на трите главни улици во должина од 1.5 км, со вкупна вредност од околу 60 милиони денари.
Со овој капитален проект, отвораме нови можности за економски раст и развој на целата општина и регионот.
Подобруваме инфраструктурата, ја зголемуваме атрактивноста за инвестиции и создаваме услови за нови работни места.
Продолжуваме посветено да работиме за подобро и поразвиено Новаци!
#Новаци#Инфраструктура#Развој#ИндустрискаЗона#Осветлување#ПроектиЗаИднината
0 Comments