Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промоција на новите и постоечките сорти на хибридна пченка и сончоглед

Денес присуствував на традиционалната промоција на новите и постоечките сорти на хибридна пченка и сончоглед, која веќе седма година по ред се одржува во Новаци, во организација на Пољопривредниот институт Осијек од Хрватска, чиј застапник во Македонија е „Семенарство Промет“.

На промоцијата присуствуваа голем број земјоделци од Пелагонискиот регион , кои со години го користат семенскиот материјал од оваа реномирана компанија и имаат директно искуство со квалитетот и приносите на нивните сорти.

Како градоначалник, претставниците на компанијата, од Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје, заедно со нашите земјоделци, ги примив и во мојот кабинет, каде разговаравме отворено за предизвиците со кои се соочуваат земјоделците, новитетите и современите технологии во земјоделството, како и за начините македонските земјоделски производи да станат поконкурентни на домашниот и европскиот пазар.

Современото земјоделство бара знаење, квалитетен семенски материјал, нови технологии и постојано следење на светските трендови.

Како општина, ќе продолжиме да го поддржуваме земјоделскиот сектор и да создаваме услови за нашите земјоделци да бидат поконкурентни, поуспешни и подготвени за идните предизвици.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content