Општина Новаци објавува литературен и ликовен конкурс

По повод одбележувањето на 30 години јубилеј од постоењето и успешното функционирање на Општина Новаци, Општина Новаци објавува Литературен и ликовен конкурс, како дел од свечената програма за јубилејот. Под мотото „Време впишано во збор и слика – 30 години Општина Новаци создава вредности ,– сведоци на времето, корени, визија, иднина “, конкурсот има за цел да го поттикне и афирмира уметничкото творештво, преку литературниот израз и ликовната уметност, како сведоштво за културниот развој, идентитетот и заедништвото на нашата општина. Право на учество имаат сите заинтересирани автори и уметници. Избраните творби ќе бидат претставени на свечениот настан организиран во чест на јубилејот на Општина Новаци на 30.03.2026 година. Доставувањето на творбите се прави во затворен плик со шифра на авторот најдоцна до 06.03.2026 година во Општина Новаци, со назнака за литературен и ликовен конкурс. Општина Новаци ги поканува сите љубители на уметноста и пишаниот збор да бидат дел од ова јубилејно културно чествување и заедно да оставиме трага во збор и боја. За првите три најдобри творби предвидени се симболични парични награди.