Соопштение за одржување на 58ма седница на Совет на општина Новаци
58ма седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 28.11.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување на Одлука за измена на распоредот на средствата од Буџетот на Општина Новаци за 2024 год.;
- Разгледување на Известување од МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола, за трајно отстапување на патничко возило FORD TRANZIT во сопственост на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола на Општина Новаци;
- Разгледување и усвојување на Годишна програма за превоз на ученици за подобрување на одржливост и квалитет на превозот на општински линии на територијата на Општина Новаци за 2025 год.;
- Разгледување и усвојување на Елаборат – Извештај за процена на штети од пожар во Општина Новаци во период од 09 – 13.08.2024 год. од Комисијата за штети од пожар и други елементарни непогоди на Општина Новаци;
- Разгледување на Барање од ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за превземање на трошоците за електрична енергија во пумпните станици за вода во селата Бач, Брод и Живојно;
- Советнички прашања.