Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 60та седница на Совет на општина Новаци

60та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 30.12.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 59-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и одобрување на Буџетски календар за 2025 год.;
  3. Разгледување на Предлог -Буџет на Општина Новаци за 2025 год., усвојување на Буџет на Општина Новаци за 2025 год. и донесување на Одлука;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2025 год.;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за одредување на вредноста на бодот за државните службеници за 2025 год.;
  6. Разгледување и донесување на Одлука за одредување на вредноста на бодот за техничкиот персонал за 2025 год.;
  7. Разгледување и донесување на Предлог-Одлука за сопствено учество (кофинансирање) на Општина Новаци во проектот „Поставување на систем со панели за производство на електрична енергија над покривот на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци и поставување на топлотна пумпа за загревање на училиштето“
  8. Разгледување и усвојување на Програма за работа на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за 2025 год.;
  9. Разгледување на Барање за финансиска поддршка за подмирување на долг за електрична енергија од ЈПКД „Комунална Хигиена Новаци“;
  10. Разгледување и донесување на Одлука за давање на трајно користење на патничко возило во сопственост на Општина Новаци, на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола;
  11. Разгледување и донесување на Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2025 година;
  12. Разгледување и донесување на Програма за управување со животна средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во Општина Новаци за 2025 година;
  13. Разгледување и донесување на Програма за животна средина на Општина Новаци за 2025 год.
  14. Разгледување и донесување на Измена на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2024 год.;
  15. Разгледување и усвојување на Извештај-Преглед за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2024 год.;
  16. Разгледување и донесување на Програма за јавни дејности ( образование за 2025 год.);
  17. Разгледување и донесување на Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина Новаци за 2025 г.;
  18. Разгледување и донесување на Програма за еднакви можности;
  19. Советнички прашања.
Back to top
Skip to content