Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 64та седница на Совет на општина Новаци

64та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.03.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

1. Разгледување и донесување  на Завршна сметка на Буџетот  на Општина Новаци за 2024 година;

2. Разгледување и усвојување на Годишен извештај на Општина Новаци за 2024 година;

3. Разгледување и донесување  на Одлука за именување на член на Училишен одбор на ООУ ,,Славко Лумбарковски,, Новаци;

4. Разгледување и усвојување на  Завршна сметка на ЈПКД „Комунална Хигиена“  Новаци  за 2024 година;

5. Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работењето на ЈПКД „Комунална Хигиена“  Новаци,  за 2024 година;

6. Разгледување и усвојување на Годишен извештај на извршените работи за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Новаци за 2024 година;

7. Разгледување и усвојување на Годишен извештај на извршените работи за одржување на локалните водоводи на територијата на Општина Новаци за 2024 година;

8. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување на празникот на Општина Новаци „30-ти Март“;

9. Разгледување и донесување  на Одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување на годишнина од смртта на војводата Ѓорѓи Сугарев;

10. Разгледување на Барање од група жители на Општина Новаци;

11. Разгледување на Барање од ЗФК Пелагонија, Добромири;

12. Разгледување на Барање од Марина Наумовска од Новаци;

13. Советнички прашања.

Back to top
Skip to content