Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 68ма седница на Совет на општина Новаци

68ма седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 16.05.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување  на Записник од 67-та седница на Советот на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Правилник за критериумите и постапката за реализација на трансфери по поднесени барања за добивање на субвенција на млади лица до 26 години -жители на Општина Новаци, за обука, полагање и добивање на возачка дозвола од Б категорија;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финасиски средства за организирање на „Фестивалот на жетвата 2025“ ;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за примање на донација за организирање на „Фестивалот на жетвата 2025“
  5. Разгледување на Барање од Црковен одбор  на црквата „Св. Богородица“ во с. Паралово, за набавка на градежен матерјал, потребен за реставрација на покривот на црквата;
  6. Разгледување на Барање од Огранок на пензионери на Општина Новаци, за финансиска поддршка за реализација на тековните потреби на огранокот;
  7. Разгледување на Предлог граѓанска иницијатива за распишување на локален референдум во Општина Новаци;
  8. Советнички прашања.
Back to top
Skip to content