Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 69та седница на Совет на општина Новаци

69та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 30.05.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување  на Записник од 68-та седница на Советот на Општина Новаци;
  2. Разгледување на Предлог граѓанска иницијатива за распишување на локален референдум во Општина Новаци доставена од Претседателот на Советот на Општина Новаци;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за утврдување на висината на стапките на данок на имот, данок на наследство и подарок и данок на промет на недвижности во Општина Новаци;
  4. Разгледување на финансиски извештај за првиот квартал од работењето на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола за 2025 година;
  5. Разгледување на Барање од Добре Котевски од с. Добромири, за набавка на ортопедско помагало за неговиот син Ѓорги, лице со посебни потреби;
  6. Разгледување на Барање за набавка на градежен матерјал од манастирскиот одбор  на манастирот „Св. Петар и Павле“ од  с. Рапеш;
  7. Советнички прашања.
Back to top
Skip to content