Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 70та седница на Совет на општина Новаци

70та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 26.06.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување  на Записник од 69-та седница на Советот на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2025 год.;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за прифаќање на донација од „СТОЛБ“ ДООЕЛ, Битола;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на комбинирани паралелки од I до V одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2025/26 год.;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на чисти паралелки од I до IX одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2025/26 год.;
  6. Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за 2026 година на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци;
  7. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Комунална хигиена“, Новаци за период од 01.01.2025 до 31.03.2025 год.;
  8. Разгледување на Барање за финасиски средства од Одделение за одбрана за регион Битола за организирање на меморијалниот турнир „Влатко, Благојче и Пеце 2001“;
  9. Разгледување на Барање за набавка на градежни матерјали од Црковен одбор на параклис – манастир „Св. Илија“, Новаци;
  10. Разгледување на Барање за набавка на градежни и електро матерјали од Управен одбор на манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“, Новаци ;
  11. Разгледување на Барање за набавка на градежни матерјали од Црковен одбор на манастирот „Св. Атанасиј Велики“, с. Старавина;
  12. Разгледување на Барање за набавка на градежни матерјали од Црковен одбор и месна заедница на с. Гермијан за изградба на помошна просторија во манастирот „Св. Климент Охридски“ с. Гермијан;
  13. Разгледување на Барање за финансиска поддршка од Огранок на пензионери, Општина Новаци, за остварување на програмските активности за 2025 год.;
  14. Разгледување на Барање за финансиска поддршка од Здружение на воени инвалиди и ветерани „Братство 2001“- Битола;
  15. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци;
  16. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год.(есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци (младинска школа).
Back to top
Skip to content