Соопштение за одржување на 74та седница на Совет на општина Новаци
74та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 06.08.2025 година со почеток во 11:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за 2026 год. од ЈПКД „Комунална хигиена“ Новаци;
- Разгледување на Барање од Месна заедница на с. Долно Орехово за набавка на бехатон плочки за дворот на црквата „Св. Тодор“;
- Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства од здружение на жени „Силата на бабата“, Новаци;
- Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства во период од 06.08.2024 до 31.05.2025 год. од „ЗФК Новаци 2005“ со дополнително образложение;
- Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци;
- Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци (младинска школа).
- Советнички прашања.
Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.
- Разгледување на Барање од Снежана Митревска од с. Новаци, домаќинство во социјален ризик;
- Разгледување на Барање од Славица Стефановска од с. Рибарци, лице со здравствени проблеми;
- Разгледување на Барање од Драгица Тодоческа од с. Добромири, лице со здравствени проблеми.