Во Новаци денес се празнува големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики
Во Новаци денес се празнува големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики, светец кој се смета за голем борец за вистинското православие. Во народното верување овој светец е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците. Празникот народот го смета за средзимо и се верува дека главните студови веќе се поминати.Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата:
„Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“.
Овој верски празник го чествував заедно со жителите на Новаци.
Нека е за многу години! ✝️💒🍀🙏
0 Comments