Новаци беше дел од магијата на ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ 2025!


Синоќа, нашата општина беше домаќин на караванот на „Илинденски денови 2025“, кој донесе вистинска фолклорна и културна магија под отворено небо!
Со традиционални песни, игри и танци, сцената во Новаци ја раздвижија:
МГА „Везилка“ – Новаци,
Ансамблот од Мексико,
Ансамблот од Грузија,
и Ансамблот од Индонезија.
Публиката уживаше во богатата музичка и играорна програма, каде културите се споија во едно заедничко славење на традицијата, пријателството и заедништвото меѓу народите.
Благодарност до сите учесници, гости и љубители на фолклорот кои беа дел од оваа незаборавна вечер.
Новаци уште еднаш покажа дека е вистински чувар на македонската традиција и отворен дом за културите од целиот свет.
#ИлинденскиДенови2025#Новаци#Фолклор#КултурнаРазмена#Везилка#Мексико#Грузија#Индонезија#ОпштинаНоваци#ТрадицијаКојаОбединува
0 Comments