Обезбеден е контејнерски станбен простор за жител од Живојно
Овие зимски ладни денови ќе бидат поудобни и полесни за еден наш жител од Живојно кој живееше на работ на сиромаштијата во субстандардни нечовечки услови, за кој обезбедивме нов простор за домување односно резиденцијален контејнер изграден по современи модерни стандарди.
Овој станбен контејнер е изработен од поцинкуван лим со изолација, електрична, водоводна и санитарна инсталација.
Општина Новаци се грижи за нејзиното население особено за социјално ранливите категории.
0 Comments