ОПШТИНА НОВАЦИ МЕЃУ ПРВИТЕ РУРАЛНИ ОПШТИНИ СО ОТВОРЕН МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР
Денес официјално беше потпишан Договорот за управување со Младинскиот центар Новаци помеѓу Општина Новаци и младинската организација МГА – Младинска граѓанска акција!
🤝 Овој договор означува важен чекор кон создавање на простор за младите – место каде тие ќе можат да се развиваат, поврзуваат, учат и делуваат.
👥 Центарот ќе биде отворен најмалку 5 дена во неделата, достапен за сите млади, со поддршка од професионални младински работници.
✅ Општината ќе обезбеди:
Простории и услови за функционирање
Режиски трошоци
Годишна финансиска поддршка од најмалку 450.000 денари
🎯 Младинскиот центар ќе работи по утврдени национални стандарди и ќе понуди програми за личен, социјален и професионален развој на младите од општината.
📢 Младите од Новаци – ова е ВАШ простор! Следете нè за информации за активностите што доаѓаат!
НОВИ МОЖНОСТИ ЗА МЛАДИТЕ ВО НОВАЦИ!
#МладиВоАкција #ОпштинаНоваци #МладинскиЦентар #LokalniPromeni #МГА #ПоддршкаЗаМладите #НовПочеток
0 Comments