Прославен Денот на рударите во РЕК Битола
Денес имав чест да присуствувам на одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола, настан на кој заедно со премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски им оддадовме признание и благодарност на сите рудари – хероите што со својот труд и пожртвуваност ја движат нашата татковина напред.
Во чест на празникот го посетивме и манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци, заштитничка на рударите. Со благослов и молитва упативме искрена честитка до сите рудари и нивните семејства – да се радуваат на здравје, благосостојба и безбедна работа.
Воедно, на сите верници им го честитам големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, со желба за духовен мир, љубов и благослов во нивните домови.
![]()
Нека е честит празникот за многу години!
Да живее трудот, посветеноста и силата на нашите рудари!![]()
0 Comments