Саниран патот до село Брник
По обилните поројни дождови, кои предизвикаа оштетувања на полските патишта, Општина Новаци веднаш пристапи кон санација и тампонирање на патот кој води кон село Брник.
Со овие активности овозможуваме полесен пристап за земјоделците и жителите, особено во периодот на летните земјоделски работи. ![]()
Наш приоритет е навремено да реагираме и да обезбедиме сигурни и функционални патишта за сите корисници.
Продолжуваме со заложби за подобра инфраструктура во секое населено место на територијата на нашата општина.
0 Comments