Се тампонираат полските патишта
Општина Новаци, како рурална општина во срцето на Пелагонија, континуирано вложува во санирање и пробивање на полските патишта со цел да обезбеди подобар пристап до земјоделските површини и да го олесни секојдневниот живот на своите жители.
Деновиве оваа активност се спроведуваше во селата: Живојно, Гермијан, Брод,Гнеотино и Бач.
На овај начин, Општина Новаци демонстрира посветеност кон подобрување на условите за живот и работа на своите жители, особено земјоделците. Санацијата и пробивањето на полските патишта не само што го олеснуваат пристапот до земјоделските површини, туку и придонесуваат за развој на руралниот туризам и економскиот напредок на општината.
0 Comments