Се чисти 10 тиот канал во Новаци
Во соработка со АД Водостопанство, подружница Битолско Поле денес започнавме со чистење на 10 одводен канал. Досега е исчистена делница во должина од 750 метри, моментално чистењето се одвива по бетонираниот дел од каналот низ Новаци со чистење на нискостеблеста вегетација како и отстранување на трска и шамак со оформување на косините. Активностите се дел од програмата и планот за работа а во првата фаза предвидено е да се исчистат 3000 метри. Чистењето на X одводен канал во голема мера ќе ги подобри условите за земјоделците,превентивно ќе делува од поплави но бенефит ќе има и месното население во Новаци како и енергетскиот систем со прибирање на водите од РЕК – Битола.
0 Comments