СКЛУЧЕН ДОГОВОР ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЖЕТВАТА 2025 ВО ОПШТИНА НОВАЦИ
![]()
![]()
Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, денес потпиша договор со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, за доделување на 200.000 денари наменети за одржување на Фестивалот на жетвата, кој годинава ќе се одржи на 18 и 19 јули 2025 година во Новаци, кај манастирот Рождество на Пресвета Богородица.
Овие средства се обезбедени согласно јавниот повик за поддршка на промотивни активности во областа на земјоделството и руралниот развој, со цел поддршка на локални манифестации и саеми.
Фестивалот на жетвата се одржува веќе четврта година по ред и претставува важна традиционална манифестација која ја слави земјоделската култура, трудот на земјоделците и локалното наследство. Оваа поддршка претставува значаен чекор за промоција на руралниот туризам, локалните производи и зајакнување на економската активност во нашата општина.
Општина Новаци продолжува активно да работи на привлекување поддршка за развојот на земјоделството, зачувување на традициите и промоција на руралните ресурси!
#ФестивалНаЖетвата2025#ОпштинаНоваци#Земјоделство#РураленРазвој#ПоддршкаЗаОпштините#ТрадицијаИРазвој#МинистерствоЗаЗемјоделство #
0 Comments