Софија Талевска и Михаела Петревска со одлични резултати на натпреварите по македонски јазик и литература
Денес се сретнав со талентираните ученички Софија Талевска и Михаела Петревска, кои постигнаа одлични резултати на натпреварите по македонски јазик и литература.
Софија Талевска освои трето место на регионален и второ место на државен натпревар, под менторство на проф. Билјана Цветковска.
Михаела Петревска го освои третото место на регионалниот натпревар, под менторство на проф. Марија Ганчевска.
Им ја честитав нивната посветеност, труд и љубов кон македонскиот јазик и им посакав уште многу успеси во иднина. Изучувањето на македонскиот јазик е темел на нашата култура, идентитет и историја, и ваквите успеси се доказ за важноста од негово негување и промовирање меѓу младите генерации.
Општината секогаш ќе стои зад талентираните ученици и ќе вложува во нивниот образовен и личен развој, затоа што тие се нашата иднина и наша гордост! ![]()
0 Comments