Уредено излетничкото место на река Коњарка, Скочивир
🌿🚮 Во пресрет на 1 Мај – Денот на трудот, кога многу семејства традиционално го поминуваат денот на излет во природа, ЈКП „Комунална хигиена“ – Новаци спроведе акција за уредување и чистење на едно од најубавите излетнички места во нашата општина – просторот покрај реката Коњарка, во близина на селото Скочивир.
Со цел сите посетители да уживаат во чиста и пријатна животна средина, просторот е исчистен, уреден и подготвен да ги пречека излетниците во природа. 🌞🧺🌳
🔔 Апелираме до сите граѓани: да ја чуваме природата и заедно да придонесеме за чиста и здрава околина!
#Новаци #1мај #Излет #ЧистаПрирода #КомуналнаХигиена #ОпштинаНоваци #Скочивир #РекаКоњарка
0 Comments