Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

52 ДРЖАВНА КАЛЕМАРСКА АКЦИЈА НОВАЦИ 2025

Денес присуствував на традиционалната 52 по ред државна калемарска акција на диви овошки НОВАЦИ 2025.

Оваа акција е воедно и натпревар на калемење односно облагородување на дива круша Горница на која се калемееа сортите Санта Марија, Вилијамовка, Клаповка, Јунска убавица и Боздоганка и дивата слива Џанка на која се калемеа сортите Чачанска Рана, Чачанска лепотица и Пожегача

Денес беа искалемени повеќе од 2000 садници овошки.

Во манифестација учество зедоа ученици од ЦДОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци, средното земјоделско училиште,,Кузман Шапкарев” од Битола , студенти и фармери.

Калемарската акција на диви овошки е во организација на Народна техника на Македонија a вклучени беа и од ОО на Црвен крст Битола.

Со оваа акција се очекува искористување на диворастечката флора што ќе резултира со добивање на квалитетни плодови од еколошки чисто поднебје, а акцентот е токму на крушата која претставува овошје кое недостасува на домашниот пазар. Ваквите акции ќе дадат поттик кај месното население за зголемување на ангажманот и разгледување на можностите за проширување на сопствениот семеен бизнис, заживување на руралните средини и селскиот туризам, практична обука на ученици за калемење и сл.

Оваа акција започна во 2009 година кога на овој принцип беше извршено калемење и облагородување на повеќе од 2000 круши – горници во Битолскиот дел од Мариово, а потоа се спроведе и во други општини и региони низ државата.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content