ИНТЕРВЈУ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ СТЕВЧЕ СТЕВАНОВСКИ ЗА ВЕСНИКОТ ЈАВНОСТ
- Како ја оценувате изминатата година во поглед на постигнатото?
- Изминатата 2024 година ја отценувам како една од најуспешните во овој тригодишен период од мојот мандат од причина што поголемиот дел од капиталните инфраструктурини проекти кои што беа дел од мојата предизборна програма и ветување а кои ќе бидат потенцијал за идниот економски развој на овој дел од Пелагонија веќе се отпочнати или пак реализирани.
- Што би издвоиле како значаен проект реализиран во изминатите три години, од почетокот на вашиот мандат?
- Иако пред 3 години затекнав општина чиј долг изнесуваше повеќе од 1 мил евра, денес можам да кажам дека успеавме да ги отплатиме натрупаните долгови и успешно да реализираме повеќе од 150 проекти чија вредност надминува 231 милион денари односно 3.8 милион евра.
Како најзначаен проект кој би го издвоил во мојот досегашен тригодишен мандат е донесувањето на УПВНМ за новата Индустриска зона во Новаци кој е резултат на макотрпна работа во изминатиот период. Како резултат на изработката на овој документ сега работиме на изградба на главната сообраќајница која ја поврзува Индустриската зона и е најголемиот проект кој досега и се случил на Општина Новаци во овие изминати 30 години со вредност од околу 1.2 милион евра. Едно од моите најголеми ветување во предизборието беше изградбата на канализациона мрежа со пречистителна станица во село Добромири. Ветеното се реализира. Ја изградивме првата фаза во должина од 2147 метри.Оваа пролет ќе биде целосно завршена по сите еколошки стандарди. Вредност изнесува околу 20 мил. денари.
- До каде е изградбата на спортско-рекреативната патека која ќе значи поврзување на Новаци со манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“?
- Започната е изградбата на првата фаза од спортско рекреативната патека чија вредност изнесува 13 милиони денари. Станува збор за модерна спортска инфраструктура која ќе значи поврзување на село Новаци со манастирот Рождество на Пресвета Богородица што беше уште едно мое предизборно ветување кое се реализира. Вкупната должина на пешачката патека е 1440 метри при што планирано е да содржи пешачка патека во должина од 378 метри која ќе биде поплочена, велосипедска патека од асфалт во должина од 660 метри и атлетска патека изработена од тартан во должина од 400 метри. Првата фаза ќе биде завршена оваа пролет а потоа ќе следуваат други фази кои ќе вклучуваат поставување на смарт парк и осветлување, изградба на амфитеатар, скејт парк, плоштад и други содржини кои ќе го збогатат и оплеменат овој спортско-рекреативен простор.
- Колку е вложено во образованието и што, поконкретно?
- Вложувањето во образованието е еден од најважните аспекти за развојот на едно општество. Квалитетното образование не само што го подобрува животниот стандард на индивидуите, туку и има големо влијание на економскиот развој, социјалната кохезија и иновациите во заедницата.Во изминатите три години комплетно ги реконструиравме внатрешните тоалети во централното основно училиште Славко Лумбарковски во Новаци,направивме санирање на ѕидовите, молерисување, промена на подови и други занаетчиски работи во сите подрачни училишта.Секоја година им доделуваме еднократна парична помош во висина од 10 000 денари на сите првооделенци а на сите четврто одделенци им набавуваме таблети за следење на наставата.Први во Македонија на сите ученици во основно образование за секој училишен ден им обезбедивме оброк.На сите редовни студенти жители на Општина Новаци кои се запишуваат прва година на прв циклус студии на државните универзитети во Македонија им ја плаќаме школарината.Вложуваме максимални напори за да ги мотивираме младите за да истите останат во нашата општина .
- До каде се работите со инфраструктурата во Индустриската зона во Новаци?
- Како што погоре споменав во моментот работиме на изградба на главната сообраќајница која ќе ја поврзи Индустриската зона Новаци , изработен е основниот проект за уредување внатре во целата зона и оваа пролет со најголемиот дел од средствата кои што ќе ги добиеме од Владата од заемот од Унгарија, ќе бидат искористени за изградба на целокупната подземна инфраструктура т.е водовод, фекална и атмосферска канализација и електрика. Ова значи дека ќе бидат создадени услови на инвеститорите да почнат со изградбата на индустриските капацитети. Сакам да истакнам дека дел од парцелите се веќе продадени или во завршна фаза од продажба кај домашни и странски инвеститори кои ако се биде како што треба за брзо време ќе почнат со изградба на нивните индустриски капацитети од лесна и незагадувачка индустрија , со кои што се надевам дека за брзо време ќе направиме раздвижување на економијата а се со цел зголемување на стандардот на нашите граѓани.
- Кога ќе започне изградба на првата фабрика во И. З. И дали очекувате нови инвестиции годинава?
-Инвеститорите кои купија дел од парцелите како што споменав ќе бидат фабрики од лесна и незагадувачка индустрија. Од она што е веќе најавено ќе бидат фабрики за производство на опрема и делови за CNC машини и компјутерска технологија, фабрики од областа на прехрамбената и преработувачката индустрија, текстилната индустрија итн.
- Што очекуваат новачани од Вас и какви барања имаат, конкретно?
-Секако дека главните очекувања се да направиме поквалитетни услови за живот кон што секојдневно се стремиме. Дел од очекувањата нормално се дека треба да работиме на подигнување на економскиот стандард а крајната цел би била и ние како локална самоуправа да бидиме мотивот да ги задржиме нашите жители да останат во своите огништа и тука да творат за себе и за своите семејства.
- Со што сте ангажирани во моментов? Каде ќе биде Вашиот фокус годинава?
- Покрај тоа што главниот фокус ќе ни биде ставен на Индустриската зона ќе работиме и на други проекти односно имаме аплицирано повеќе проекти во ИПА Програмата за прекугранична соработка
Општина Новаци е една од ретките ако не и единствена рурална општина со 4 апликации во ИПА Програмата меѓу Македонија – Грција и Македонија – Албанија кои се поминати во втора фаза на разглeдување и ги чекаме резултатите од истите.
Со овие проекти сакаме да изградиме фекална канализациона мрежа со пречистителна станица во село Гермијан, да ја направиме фасадата во основното училиште Славко Лумбарковски во Новаци, да поставиме фотоволтаици на кровот на општинската зграда од произведената електрична енергија да ја загреваме со поставување на термо пумпа.
Исто така предвидено е да се спроведе акција за пошумување заради заштита на животната средина, изградба на сместувачки капацитет во Зовик, Мариово, изградба на музеј и поставување на дигитална изложба во село Градешница и уште многу други активности. Ова се само дел од проектите кои планираме да ги реализираме оваа година а кои секако ќе бидат во интерес на граѓаните, економски развој и поквалитетен живот.
0 Comments