Затворен 11 Меморијалниот турнир во мал фудбал Пеце Матичевски
Синоќа со доделување на награди за најуспешните фудбалски тимови беше затворен 11 Меморијалниот турнир во мал фудбал Пеце Матичевски.
Овој настан не беше само натпреварување, туку и прослава на спортскиот дух, пријателството и заедништвото што не обединуваат.
Најпрво, дозволете ми да им честитам на сите екипи за нивната посветеност и фер-плеј игра. Вашето учество го направи овој турнир посебен и незаборавен.
Посебни честитки упатуваме до екипите кои се искачија на победничкиот пиедестал:
• Прво место: Брник – Р. Петровски
• Второ место: Чајник
• Трето место: Хиве кафе
• Четврто место: Сквер кафе
Вашите достигнувања се резултат на труд, тимска работа и страст кон фудбалот.
Благодарност до организаторите, спонзорите, судиите и сите волонтери кои вложија време и енергија за успешна реализација на турнирот.
Нека овој турнир биде потсетник за важноста на спортот во нашите животи и инспирација за идни генерации. Се надеваме дека следната година ќе се собереме повторно, со уште поголем ентузијазам и љубов кон фудбалот.
0 Comments