ОДРЖАН ИТЕН КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК ВО ОПШТИНА НОВАЦИ ПОРАДИ ПОЖАРОТ ВО АТАРОТ НА СЕЛО ГРАДЕШНИЦА

Денес, во просториите на Општина Новаци, одржавме итен координативен состанок со претставници од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Територијалната противпожарна единица Битола, ЈП Национални шуми, Полициската станица Новаци и стручната служба на Општината.
Состанокот беше свикан поради активниот шумски пожар во атарот на село Градешница, кој претставува сериозна закана по животот, имотот и околната природа, особено поради непристапниот терен и можноста од ширење на огнот кон куќите.
Веднаш по состанокот, упативме итно барање до Центарот за управување со кризи за:
ангажирање на противпожарен хеликоптер,
испраќање на интервентни возила и тимови од ДЗС,
вклучување на 30 припадници на Армијата за гаснење на пожарот на терен.
Општина Новаци останува целосно мобилизирана и подготвена со својата механизација, логистика и човечки ресурси да делува во заштита на граѓаните и нивниот имот.
Ги замолуваме жителите од овој регион за внимателност и соработка со надлежните служби. Секој спасен живот и дом ни е приоритет!
0 Comments