Се асфалтира паркингот кај манастирот Св. Архангел Гаврил во село Скочивир.
Денес се асфалтира паркингот кај манастирот Св. Архангел Гаврил во село Скочивир.
Оваа активност е дел од програмата за уредување на локални улици и јавни површини на Општина Новаци, со цел создавање подобри услови за жителите и посетителите на овој црковен објект.
Со уредениот паркинг обезбедуваме поголема безбедност, уреденост и олеснет пристап за сите верници и гости кои го посетуваат манастирот.
Општина Новаци останува посветена на континуирани инвестиции за подобрување на квалитетот на живот во секое населено место.
#ОпштинаНоваци#Инфраструктура#Скочивир#СвАрхангелГаврил#ЗаПоубавиСела
0 Comments