Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известувања

Јавен увид и консултација со јавноста по Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Урбанистички план за село Новаци, Општина Новаци

Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Урбанистички план за село Новаци, општина Новаци.

Консултацијата со јавноста ќе се одржи на ден 29.07.2026 во административните простории на Општина Новаци, со почеток во 11:00 часот.

Информација за одржување на јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект – Експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно

Почитувани, во прилог информација за одржување на јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект – Експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно со површинска технологија во општина Новаци, за потребите на инвеститорот АД “ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ од Скопје.

Посета на регионална депонија во Кожани, Грција

Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија-АДКОМ, заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање ќе организира посета на регионалната депонија во Кожани, Грција. Целта на посетата е запознавање со изгледот на регионалната депонијата што ќе се гради во Мегленци. Поаѓање на 27.11.2023 во 8:30 од пред зградата на Општина Новаци, враќање во 15:00. Секој заинтересиран граѓанин да се пријави на телефонот за контакт 075456034, најдоцна до 24.11.2023. Местата се ограничени.

Информација за Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект: Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски и Југозападен регион, за потребите на инвеститорот Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 187/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 99/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 89/2022 и 171/2022) ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Министерството за животна средина и просторно планирање, со седиште на Плоштад “Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје – Сектор за одржлив развој и инвестиции, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект: Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски и Југозападен регион.

      Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање со седиште на Плоштад “Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје на веб страницата на министерствoто, www.moepp.gov.mk и на infoeko@moepp.gov.mk. и во просториите на Општина Новаци.

     Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски и Југозападен регион ќе се одржи на ден 31.10.2023 година (вторник) во големата сала во општина Новаци со почеток во 12 часот.

Известување за достапност на документ – Реконструкција на локалните улици „1“ и „2“

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој
се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за
транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната
патна инфраструктура, општина Новаци аплицираше со проект за „Реконструкција на локалните
улици „1“ и „2“ во населеното место Новаци, во Општина Новаци”.

Back to top
Skip to content