Огласи и соопштенија
Повик за поднесување на понуди – Специјално возило за собирање на смет, контејнери и канти
Почитувани, во документот прикачен подолу можете да го најдете повикот на општина Новаци за набавка на Специјално возило за транспорт на комунален отпад, контејнери и канти. Поднесувањето на понуди ќе се спроведе преку процедурите за национално конкурентно наддавање (NCB), како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA кредити (од Јануари 2011 година).
Апел за почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19 пред големиот празник Рождество на Пресвета Богородица во Новаци
Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во с. Новаци се подготвува за одбележување на големиот христијански празник – Мала Богородица. Оваа година имајќи ја во предвид состојбата со коронавирусот, манастирската слава Рождество на Пресвета Богородица ќе се одржи според пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. Грижејќи се за духовното, но и за телесното здравје на своите верници општина Новаци и манастирската управа ќе ги превземат и спроведат сите мерки согласно законските правила и услови за заштита од вирусот. Од таму упатуваат и апел до сите верници задолжително да се придружуваат на мерките и протоколите за превенција од ширење на коронавирусот. Поради пандемијата оваа година ќе изостанат досегашните официјални приеми, приредување на манастирски ручек и културно-уметничка програма.
Со носење на заштитна маска и држење на физичка дистанца верниците ќе можат да го посетат бисерот на Пелагонија, да и оддадат почит на Пресвета Богородица како и да присуствуваат на вечерната богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар на 20.09.2020 (недела ) со почеток во 19ч.
Утрената Божествена литургија ќе биде на 21.09.2020 (понеделник) со почеток во 08ч .Верата во Бога, надежта во Неговата неизмерна милост и љубовта кон нашиот ближен нека ни бидат составен дел од нашето секојдневие, при тоа не заборавајќи дека силен потпорник имаме во ликот на Мајката Божја – Богородица!
Нека ни е за многу години празникот!
Општина Новаци
Информација за електронска платформа pomagame.mk
Почитувани,
Лансирана е новата веб страница www.pomagame.mk!
На неа се поставени информации од сите општини со краток опис за услугите што ги нудат во услови на КОВИД 19, како и кратка видео обука за сите ангажирани лица.
Превентивни мерки на територијата на општина Новаци
Почитувани жители на општина Новаци, за превенција на ширењето на COVID-19 (корона вирусот), општина Новаци воведе превентивни мерки, кои можете да ги најдете во прикачениот документ подолу. Ве молиме, почитувајте ги сите мерки и препораки на Владата како и сите мерки и препораки на општината.











