Oтворен 11-тиот Меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“
Синоќа свечено го отворивме 11-тиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“, кој традиционално се одржува секој јуни во Новаци. Овој настан е посветен на нашиот херој Пеце Матичевски, кој го даде својот живот за татковината во 2001 година.
Турнирот е организиран со поддршка од Општина Новаци, која континуирано ги поддржува спортските настани и манифестации во рамките на своите можности. Оваа година учествуваат 32 екипи поделени во 8 групи, а средствата од котизациите се наменети за организација и награди за победниците.
Посакуваме уште многу успешни години на постоење и организирање на овој спортски настан, кој не само што го одржува споменот на Пеце Матичевски, туку и ја зајакнува спортската култура во нашата општина.
Нека е со среќа и нека победат најдобрите!
0 Comments