Градоначалникот Стевче Стевановски ги израдува најмладите со новогодишни пакетчиња
Во духот на празничната магија и споделувањето радост, градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, подели новогодишни пакетчиња на сите дечиња од основно образование.
Овој гест, исполнет со љубов и внимание, внесе многу среќа и насмевки на лицата на најмладите жители на Општина Новаци. Ова е период на радување и дарување а овај гест внесе топлина во срцата на сите пренесувајќи ја празничната радост кај децата кои се нашата иднина и најголема инспирација за секој успех и напредок на општината.
„Во овие празнични денови, најважно е да ги споделуваме љубовта и вниманието. Ви посакувам среќни празници исполнети со радост, здравје и многу убави моменти“, порача градоначалникот Стевановски.
Настанот заврши со многу смеа, детски џагор и празнична атмосфера, оставајќи спомени кои децата долго ќе ги паметат.
0 Comments