ОПШТИНА НОВАЦИ ПРВА РУРАЛНА ОПШТИНА ПОДГОТВЕНА ЗА ОТВОРАЊЕ НА МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР
Во просториите каде веќе успешно функционира Младинскиот центар во Новаци се одржа завршен настан на кој се промовираа голем број на успешно завршени активности и проекти на младите од Општина Новаци во изминатата година.
Со средства од Општина Новаци и Фондацијата за Демократија на Вестминисер, во соработка со Про Локал за Младинскиот центар беше набавена следната опрема: 2 плејстешн, џојстици, неколку игри за плејстејшн, 12 Lazy Bag, проектор , 2 телевизори со држачи, фрижидер , звучник со микрофон, бела табла, дисперзер за вода,климатизер и фудбалче.
Младинскиот центар во Новаци деновиве е омиленото место на младите каде редовно се собираат и се дружат во попладневните часови.
Следна активност на младите е поднесување на иницијатива за формирање на Младински центар во Новаци со што оваа самоуправа ќе биде првата рурална општина со ваква активност во Македонија.
Претходно на иницијатива на младите од Општина Новаци беше направена теретана на отворено во склоп на спортската сала во Новаци.
0 Comments