10.000 ДЕНАРИ ЗА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА –ОПШТИНА НОВАЦИ СО ПОДДРШКА ЗА 27 МЛАДИ ЛИЦА ДО 26 ГОДИНИ!
Општина Новаци продолжува со конкретни мерки за поддршка на младите и создавање подобри услови за нивно осамостојување и развој.
Со оваа мерка, 27 млади лица до 26 години ќе добијат финансиска помош во износ од 10.000 денари по лице за стекнување возачка дозвола од Б категорија.
Возачката дозвола е важна за поголема мобилност, независност и полесен пристап до образование, работа и нови можности.
Со оваа финансиска поддршка вложуваме во младите и во нивната иднина, создавајќи можности за поголема самостојност и активно учество во општеството.
Општина Новаци – инвестира во младите, затоа што младите се иднината на Општина Новаци!
0 Comments