Progress Meeting во рамки на проектот TOUR-HUB – „Digital Enhancement of Cultural Heritage and Tourism“
Денес во Општина Новаци се одржа Progress Meeting во рамки на проектот TOUR-HUB – „Digital Enhancement of Cultural Heritage and Tourism“, на кој присуствуваа градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски, градоначалникот на Општина Алмопија, Николаос Парутоглу заедно со претставници и општинската администрација на општините Новаци,Алмопиа и Едеса и партнерската организација „Семак“.
Проектот TOUR-HUB се реализира во рамки на Interreg VI-A IPA CBC „GR– MK 2021–2027“, Програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Северна Македонија, и е кофинансиран од Европската Унија и националните средства на земјите учеснички.
На средбата беа презентирани досегашните активности и постигнатите резултати, разменети искуства меѓу партнерите и беа разгледани следните чекори за успешна имплементација на проектот, со посебен акцент на дигитализацијата, културното наследство, одржливиот туризам и зајакнувањето на прекуграничната соработка.
Проектот TOUR-HUB претставува значајна можност за заедничко промовирање на туристичкиот потенцијал на прекуграничниот регион и создавање нови и одржливи туристички производи и рути.
На состанокот посебен акцент беше ставен на зајакнувањето на прекуграничната соработка и заедничкото промовирање на природното, културното и историското наследство, со цел создавање одржливи и атрактивни туристички дестинации.
Заедно продолжуваме кон нови идеи, нови туристички искуства и уште посилна соработка меѓу двете земји.
0 Comments