Огласи и соопштенија
Јавен повик за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Будимирци
Почитувани, во продолжение го имате Јавниот повик за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Будимирци, Општина Новаци за плански период 2021 – 2031 година, Предлог планот – Урбанистички план за село Будимирци и Анкетниот лист.
Јавниот повик ќе трае 15 денови, почнувајќи од 10.08.2023 и истиот ќе трае до 26.08.2023 година, додека Јавната анкета ќе трае 30 денови од денот на објавувањето на Соопштението и тоа од 01.09.2023 до 03.10.2023 година.
Јавен повик за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Рибарци
Почитувани, во продолжение го имате Јавниот повик за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Рибарци, Општина Новаци за плански период 2022 – 2032 година, Предлог планот – Урбанистички план за село Рибарци и Анкетниот лист.
Јавниот повик ќе трае 15 денови, почнувајќи од 10.08.2023 и истиот ќе трае до 26.08.2023 година, додека Јавната анкета ќе трае 30 денови од денот на објавувањето на Соопштението и тоа од 01.09.2023 до 03.10.2023 година.
Јавен оглас за вработување на даватели на услуги – Возач на автобус за јавен превоз
Почитувани, подолу може да го најдете јавниот оглас и пријавата за вработување на даватели на услуги – Возачи на автобус за јавен превоз, објавен од страна на МЈП ПЕЛАЛИНК Битола.
Соопштение за одржување на 32ра седница на Совет на општина Новаци
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записникот од 31-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на тромесечен извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за период од 01.01.2023г. до 30.06.2023г. (втор квартал);
- Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
- Разгледување и усвојување на Извештај за потрошени финансиски средства од ЗФК „Новаци 2005“ – Новаци во вкупен износ од 1.874.500,00 ден., заклучно до 06.07.2023г.;
- Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за престојување на преставници од Општина Новаци во Општина Дуги Рад, Република Хрватска;
- Разгледување на Барање од Општинска организација на Црвен Крст – Битола за финансиски средства за медицинско обезбедување на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“-Новаци;
- Разгледување на Барање од Месна заедница на село Добромири за матерјална помош на семејството на Теодора Јолевска, дете со посебни потреби;
- Разгледување на Барање од ФК „ Далбеговци“ за финансиски средства за учество во есенскиот дел од натпреарувачката сезона 2023/2024;
- Советнички прашања.
Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.
Соопштение за одржување на 31ва седница на Совет на општина Новаци
31-ва седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 10.07.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записникот од 30-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Информирање на Советот на Општина Новаци во врска со постапката за формирање на меѓуопштинско (регионално) јавно претпријатие за управување со отпад;
- Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
- Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
- Разгледување и донесување на Стратегија за локален економски развој на Општина Новаци за период 2023 – 2028 година;
- Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за ученици запишани во прво одделение во ООУ ,,Славко Лумбарковски“-Новаци и неговите подрачни училишта, бр.14-105/10 од 31.01.2023 год.;
- Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за периодот 2023/24 година на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци;
- Разгледување и усвојување на Програма за измена и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота (јавни површини, паркови, зеленило и рекреативни површини) на територијата на Општина Новаци за 20223 год. на ЈПКД „ Комунална хигиена “- Новаци;
- Разгледување и усвојување на Финансиска програма за сезоната 2023/2024 год. на ЗФК „Новаци 2005“ – Новаци;
- Разгледување и усвојување на Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2023 година, бр.14-1056/12 од 15.12.2022 г. и бр. 14-380/4 од 10.05.2023 год.;
- Разгледување и усвојување на Програма за управување со животна средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во Општина Новаци за 2023 година;
- Разгледување и донесување на Одлука за започнување на постапка за давање под закуп на недвижни ствари – деловени простории
- Разгледување на Барање од Здружение на Пелагониски културно-научни средби при Општина Новаци за финансиска помош за печатење на Зборник од Пелагониските средби одржани 2022 год.;
- Разгледување на Барање од Лиле Симоновска од Скопје за ослободување од сметка од ЕВН за улично осветлување;
- Советнички прашања.
Соопштение за одржување на 30та седница на Совет на општина Новаци
30-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.06.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записникот од 29-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување и усвојување на Ребаланс на Буџетот на Општина Новаци за 2023г. и донесување на Одлука;
- Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
- Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за сопствено учество на Општина Новаци во програмата на УНДП: Општинско корисна работа 2023/24 год. за реализација на проектот „Ранливи категории 4“;
- Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финасиски средства за организирање на „Фестивалот на жетвата“ во 2023 година;
- Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на чисти паралелки од I до IX одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2023/24 год.;
- Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на комбинирани паралелки одI до V одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2023/24 год.;
- Разгледување на Список на ученици од ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци кои користат превоз во учебната 2023/24 год.;
- Разгледување на Барање за реализација на молеро – фарбарски работи, промена на под и промена на електрично светло во централното ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци и подрачните училишта;
- Разгледување и усвојување на Решенија за ликвидно работење на ЈПКД „Комунална Хигиена“ – Новаци;
- Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за период од 01.01.2023 до 31.03.2023 год.;
- Разгледување и давање на согласност на Правилник за основна плата и додатоците на плата на вработените во ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци;
- Разгледување на Барање од ЈОУДГ „Бамби“ за финансиски средства за набавка на огревно дрво за грејна сезона 2023/24 г.;
- Разгледување на Барање од КБК „Самурај “- Битола за финасиски средства за организирање на спортска манифестација „Промоција на кикбокс спортот и боречките вештини “;
- Разгледување и донесување на Одлука за постапување по препораките на Фудбалската Федерација на Македонија за фудбалскиот стадион во с.Новаци;
- Разгледување и донесување на Одлука за примање на донации од правни и физички лица за организирње на манифестацијата „Фестивал на жетвата – Новаци 2023 г.“;
- Разгледување и донесување Одлука за примање на донација од Градежен институт Македонија, АД Скопје, за изработка на Основен проект за изградба на улица во состав на Индустриската зона Новаци;
- Советнички прашања.
Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.
Јавен повик за организирање на ПОВТОРНА јавна презентација и јавна анкета
Општина Новаци организира ПОВТОРНА јавна презентација и јавна анкета по урбанистички план вон населено место за изградба на објекти со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија КО Новаци – вон град Општина Новаци за плански период 2021 – 2026 година.
Јавен повик ОКР 2023
Почитувани, Општина Новаци во соработка со Агенција за вработување на РСМ (АВРСМ) објавува повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа. Можете да аплицирате во канцелариите на Агенција за вработување – Центар за вработување Битола во периодот од 01.06.2023 до 07.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.