Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Соопштение за одржување на 3та седница на Совет на општина Новаци

3та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 28.11.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 2ра седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за формирање Комисија за елементарни непогоди;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средства на Буџетот на Општина Новаци за 2025 год.;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за определување на пазарна вредност на градежното и земјоделското земјиште на територијата на Општина Новаци по зони и катастарски општини според просечната цена на извршени купопродажби во претходната година;
  5. Разгледување и донесување на Правилник за условите, критериумите и постапката за доделување на еднократна парична помош на физички лица;
  6. Разгледување и донесување на Одлука за формирање Комисија за доделување на еднократна парична помош на физички лица;
  7. Разгледување и донесување на Листа на имиња за улици во населено место с.Новаци, Општина Новаци и донесување на Одлука за усвојување на листата на имиња за улици;
  8. Разгледување и усвојување на Извештајот за манифестацијата ,,Фестивал на жетвата” Новаци 2025;
  9. Разгледување и донесување на Одлука за давање на Согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на МЈП ,,Пелалинк” Битола;
  10. Разгледување на Изјава за оставка на член на Управен одбор на МЈП ,,Пелалинк” –Битола и донесување на Одлука за разрешување и именување на вршител на должност (ВД) член на Управен одбор на МЈП Пелалинк – Битола;
  11. Разгледување на Барање/Изјава за оставка на член на Надзорен одбор на МЈП ,,Пелалинк” –Битола и донесување на Одлука за разрешување и именување на вршител на должност (ВД) член на Надзорен одбор на МЈП Пелалинк – Битола;
  12. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 2та седница на Совет на општина Новаци

2та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.11.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 1ва конститутивна седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Програма за зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици на територијата на Општина Новаци за сезоната 2025/26;
  3. Разгледување и донесување  на План на програма за развој на Општина Новаци за период од 2025-2027 год.;
  4. Разгледување и донесување  на План на програма за развој на Општина Новаци за период од 2026-2028 год.; 
  5. Разгледување и донесување  на Одлука за пренамена на средства на Буџетот на Општина Новаци за 2025 год.; 
  6. Разгледување на Барање од Пелагониско-научни средби 2025 год;
  7. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 1ва конститутивна седница на Совет на општина Новаци

1та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 07.11.2025 година со почеток во 10:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Предлагање на членови за Комисија за верификација и донесување на Одлука;
  2. Донесување на Одлука за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Новаци;
    3. Предлагање и избор на Претседател на Советот на Општина Новаци;
  3. Предлагање на членови за Комисија за мандатни прашања, избори и именувања и донесување на Одлука;
  4. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за статут и прописи;
  5. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој;
  6. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
  7. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за јавни и комунални дејности;
  8. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за општествени дејности;
  9. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за еднакви можности на жените и мажите;
  10. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија;
  11. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за месна самоуправа;
  12. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за елементарни непогоди;
  13. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за склучување на бракови во Општина Новаци.

Седницата ќе се одржи на 07.11.2025 год. /петок/ со почеток во 10:00 часот, во просториите на Општина Новаци.

Конкурс за ангажирање на 10 Негователи/ки за помош и нега на стари лица

Почитувани, во тек е конкурс за ангажирање на 10 Негователи/ки за помош и нега на стари лица. Заинтересираните кандидати можат да се пријават во просториите на Општина Новаци и/или Општинската организација на Црвен крст Битола секој работен ден од 08 до 15  часот. За подетални информации контактирајте не на тел. 047-236-019 од Пон до Пет од 08 до 16 часот.

Јавен повик за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета по урбанистички план за село Будимирци, Општина Новаци за плански период 2021 – 2031 година

Почитувани, известувањето и соодветната документација за повторната Јавна презентација и Јавна анкета по урбанистички план за село Будимирци го имате на следниот ЛИНК.

Соопштение за Јавен Увид на Изменување и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани со моќност до 5MW на КП 468, КП 469 и дел од КП 488 КО Новаци вон град – Општина Новаци

Соопштение за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Новаци, Општина Новаци за плански период од 2022 – 2032 година

Почитувани, соопштението и сите потребни документи за одржување на Повторна Јавна презентација и Јавна анкета по урбанистички план за село Новаци, Општина Новаци за плански период 2022-2032 година, можете да ги најдете на следниот ЛИНК.

Соопштение за одржување на 74та седница на Совет на општина Новаци

74та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 06.08.2025 година со почеток во 11:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за 2026 год. од ЈПКД „Комунална хигиена“ Новаци;
  2. Разгледување на Барање од Месна заедница на с. Долно Орехово за набавка на бехатон плочки за дворот на црквата „Св. Тодор“;
  3. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства од здружение на жени „Силата на бабата“, Новаци; 
  4. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства во период од 06.08.2024 до 31.05.2025 год. од „ЗФК Новаци 2005“ со дополнително образложение;
  5. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци;
  6. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци (младинска школа).
  7. Советнички прашања.

Дополнување:  Барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

  • Разгледување на Барање од Снежана Митревска од с. Новаци, домаќинство во социјален ризик;
  • Разгледување на Барање од Славица Стефановска од с. Рибарци, лице со здравствени проблеми;
  • Разгледување на Барање од Драгица Тодоческа од с. Добромири, лице со здравствени проблеми.

Соопштение за одржување на 73та седница на Совет на општина Новаци

73та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 30.07.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување  на Записник од 72-та седница на Советот на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на измена на Програмата за образование во Општина Новаци за 2025 година;
  3. Разгледување и донесување на План за развојни програми;
  4. Разгледување и донесување на Ребаланс на Буџетот на Општина Новаци за 2025 год;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за формирање на заедничка комисија за воспоставување на Меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Новаци и Општина Ресен;
  6. Разгледување и донесување Решение за именување членови во заедничката комисија за подготовка на предлог актите за воспоставување на меѓуопштинска соработка;
  7. Разгледување и донесување на Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Новаци и Општина Ресен;
  8. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола за период од 01.04.2025 до 30.06.2025 година;
  9. Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за 2026 година на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола;
  10. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за организирање на настан „Музички излет во природа“;
  11. Разгледување и усвојување на Годишна програма за работа на Младинскиот центар во Општина Новаци за 2025 година;
  12. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства во период од 06.08.2024 до 31.05.2025 год. од „ЗФК Новаци 2005“ со дополнително образложение;
  13. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци;
  14. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци (младинска школа).
  15. Советнички прашања.
Back to top
Skip to content