Соопштение за одржување на 72ра седница на Совет на општина Новаци
72та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 17.07.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записник од 71-та седница на Советот на Општина Новаци;
- Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Новаци, за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2025 година до 30.06.2025 година;
- Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност за имплементација на одобрениот проект„ DIGITAL ENHANCEMENT OF CURTURAL HERITAGE AND TOURISM“ – акроним „TOUR- HUB“;
- Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност за имплементација на одобрениот проект „Еmergency communication enhancement for resilience to natural risk and recovery from disasters“ – акроним „CRECALE“;
- Разгледување на Барање од здружение „Младинска Граѓанска Акција“ за пренамена на просторија во Младинскиот центар;
- Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства од ЗФК „ Новаци 2011“;
- Разгледување на Барање од ЗФК „Новаци 2011“ за финасиски средства за натпреварувачката 2025/2026 сезона;
- Разгледување на Годишен извештај за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“, Новаци, за учебната 2024/2025 година;
- Разгледување на Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“, Новаци, за учебната 2025/2026 година;
- Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства во период од 06.08.2024 до 31.05.2025 год. од „ЗФК Новаци 2005“;
- Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци;
- Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци (младинска школа).
- Советнички прашања.